Петар Печков
Објавено: недела, 21 декември 2008
Поп-пејачката Ноне Неделковска на својата публика за Нова година и го подари третиот албум „Три во едно“, на кој се наоѓаат десетте најслушани песни од нејзините претходни два албума и пет бонус-песни, кои таа ги испеа на македонските фестивали во текот на оваа и на минатата година.
На овој албум соработувала со креативните тандеми Јован Јованов - Елвир Мекиќ и Кристијан Гарброски - Младен Марковиќ. Една песна е на црногорската ѕвезда Бојан Маровиќ, а за текстовите, како и досега, се задолжени Огнен Неделковски и Мими Гајдова.
Дизајнот на обвивката е на Гурко, а фотографиите се на Владо Георгиев и на Дарио Јанковиќ. На него е и народната песна „Бело лице љубам јас“ и тој веќе е во продажба, а излезе за „Премиер-продукција“.
Пејачката Ноне Неделковска, со својата придружна група, „Тринити бенд“ во скопскиот ресторан „Ден и ноќ“ приреди интересна предновогодишна забава на која го промовира новото цеде „3 во 1“. Изданието има 15 композиции, кои Ноне ги испеа на неколку фестивали последниве две години и кои веќе и се познати на јавноста. Третиот албум на Неделковска, всушност, е компилација на дел од најдобрите песни на младата пејачка. По официјалниот дел, Ноне изведе неколку песни во живо со својот „Тринити бенд“. Миниконцертот го почна со нејзината верзија на „Yesterday“, дел од песните што се најдоа на албумот. На промоцијата присуствуваа го?ем број пријатели и колеги на пејачката.
И можеби најинтересeн момент од целиот настан бил прстенот на Ноне, за кој не кажала ништо. Нема или Ноне на сите сака да им каже дека си има момче или таинствениот велешанец решила да го сочува за себе.

Tweet |