речник контакт

Ноќеска близу Велес во два случаи откриен нелегален транспорт на мигранти

Во првиот случај биле превезувани 10 Авганистанци од кои пет деца а во вториот случај двајца Турци

Петар Печков


Ноќеска во два одвоени случаи, велешката полиција открила два обиди за нелегален транспорт на мигранти. Првиот случај бил на регионалниот пат Градско -Велес а вториот на автопатот Велес- Скопје. Во двете возила откриени се 12 мигранти, од Авганистан и oд Турција.

На 7-ми ноември  околу 00.15 часот на регионалниот пат Градско- Велес од полициски службеници од СВР Велес било забележано патничко возило „опел зафира“, со радовишки регистарски ознаки, кое на даден знак за сопирање, продолжило со движење. По кратко време возилото застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни. С.А.(24) од Арачиново, скопско, бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка - соопштија од МВР.

На 7-ми ноември во СВР Велес било пријавено дека околу 02.15 часот на пункт „Отовица“, полициски службеници од Полициското одделение Чашка, при преглед на патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј.(23), а совозач бил М.Ј.(19), двајцата од Скопје, пронашле двајца мигранти од  Турција. Осомничените биле приведени во полициска станица и се работи на расчистување на случајот - соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »