речник контакт

Ноќеска во Кавадарци возач управувал автомобил со 2 промили алкохол во крвта

Против возачот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“

Петар Печков

Вчеравечер, пред полноќ, во Кавадарци е уапсен возач, кој управувал автомобил во пијана состојба. Деталите од информацијата на СВР ВЕлес.

„На 25 август во 23:20 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.В.(64 год) од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »