Петар Печков
Објавено: вторник, 21 мај 2024
Ноќеска велешките пожарникари интервенирале при запален автомобил, инцидент кој е регистриран на Којник. Информацијата е од ТППЕ ВЕлес.
„На ден 21 мај во 02:14 примена е дојава за запалено патничко моторно возило на ул. Васил Ѓоргов. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно против пожарно возило и три пожарникари спасители. Благодарение на брзата интервенција на нашите колеги пожарот е брзо изгаснат и не е дозволено да направи поголема штета на возилото“- соопштија од ТПЕ Велес.
ТВ Алфа објави дека запаленото Ауди А3 било сопственост на полицаец од Велес, припадник на Единицата за брзо распоредување. На самото место биле пронајдени неколку шишиња кои веројатно биле употребени за потпалување, а одземени се и снимки од безбденосна камера која се наоѓа во близина.
Tweet |