речник контакт

Ноќеска сообраќајната полиција контролирала колкумина од возачите во велешко се под дејство на алкохол

При контролата констатирани и законски санкционирани се 12 возачи

Петар Печков

Ноќеска, сабота кон недела, сообраќајната полиција контролирала, колкумина од возачите во велешко, возеле под дејство на алкохол.

„Во текот на изминатата вечер (28/29.05.2022) во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на СВР Велес спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 12 возачи“ - соопштија од МВР.

Од таму најавуаат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот за посигурни патишта.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »