Петар Печков
Објавено: сабота, 26 февруари 2022
Вчеравечер, петок кон сабота, (25/26.февруари) во градот Велс е изведена заедничка акција на МВР, со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. Контролирани се седум угостителски објекти и ноќни клубови во Велес. Eве што кажаа за оваа контрола од МВР.
„Еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес. При контролата во еден од објектите утврдено е непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи. Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса. Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е не носење заштитни маски од страна на персоналот за што ќе следуваат соодветни поднесоци“ - соопштија од МВР.
Вакви акции изминатиот викенди беа спроведени на подрачјето на земјава, во повеќе градови и прашање беше кога ќе се реализира во Велес.
Tweet |