речник контакт

Нуспојавите по вакцинирањето се мали и безначајни, по користа на вакцината

Заедничка прес конференција на четворица доктори зошто е потребна вакцината

Петар Печков

Неделата на имунизциаја се одбележа со заедничка прес конференција на четворица доктори, кои зборуваа за потребата од вакцинирањето. Сите без исклучок кажаа дека осен што тоа е законска обврска тоа е и личен чин на заштита на сопственото дете од можно заразно заболување кои носи и трајни последици, ако е без вакцина 

Ја следиме редовната задолжителна имунизација. Секогаш кореспондира процентот на опфатот со регистрирани заразни заболувања, против кои се спроведува имунизација. Последна е  во 2011-та имавме епидемија од 21 лице заболено од морбили, потоа не сме регистрирале повисока бројка на заболени. Но јавноста треба да знае дека    болести против кои се врши имунизација се најтешки заразни заболувања, кои можат да завршат со смртен исход или да дадат тешки последици  кои оставаат инвалидност или влијаат на други заболувања.  Затоа е потребна имунизацијата - рече примариус д-р Билјана Трајкова епидемиолог  од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес. 

Таа соопшти дека во 2016-та и 2017-та има намалување на процентот на имунизација во велешко, иако и натаму таа е меѓу водечките во земјава според процентот кој е  висок и се движи околу 95 отсто. 

Нуспојавите кои се јавуваат по вакцинирањето толку се мали и безначајни, во однос на бенефитот од вакцината и не треба да се дискутира.  Дојдовме во ситуација да ги заборавиме вистинските опасности  од болестите и сега некои да размислуваат за можни нус појави од имунизација. Вакцинирањето е единствена превентивна мерка која може да  сопре одредени заразни болести - изјави примариус д-р Петре Крстев педијатар во ЈЗУ Здравствен дом Велес.  

Тој за прв пат за пошироката јавноста понуди податок за вакцинирањето кое се извршило во период од пет години од 2007 до 2011-та, од околу 14.440 дадени вакцини само кај 119  деца побарале помош оти се јавил некаква реакција.  Од овие деца   40 имале благ  респираторен инфект, не поради вакцината а само кај пет имало компликации- детски грчеви, кои се јавуваат кај високи температури. Но сите овие деца минале без  последици од вакцинирањето . 

Апелирам до редителите да ги вакцинираат своите деца,  да не се плашат  од негативните и многу ретки нус појави. Родителите да не подлегнуваат на притисоците од социјалните мрежи, да бараат совет од стручно едуцирано медицинскои лице кое работи со вакцини. Вакцинацијата е задолжителна за да се штити и околината, другите деца ,не само своето, тоа е општествена одговорност - кажа  примариус д-р Лидија Андонова Панчевска педијатар во ЈЗУ Општа Болница Велес.

Најголем отпор има за вакцината МРП - морбили, рубелоа паротид оти под влиание на социјални мрежи дека од неа ќе се јави аутизам.  За жал во верувањето детето да проговори па да го вакцинираат, имаат удел и некои наши колеги, доктори.  Родителите не вакицинирано дете шетаат по Србија, Црна Гора каде има епидемија. Или низ Македонија минуваат голем број луќе од земји каде има лоша здравстена состојба  така што шансите за заболување од заразни болести се големи.  По вакцинирањето може да се јави единствено темепратура или грчеви од висока темепратура  - рече д-р Лилјана Христова педијатар во примарното здравство.

Таа смета дека за подобрување на состојбата со ракот на матката,  освен девојчињата потребно е и машките да бидат вакцинирани од ХПВ вакцина.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »