речник контакт

ОЈО Велес отвори предмет по повикот на Агатангел за посета на црквите за Задушница

Велешкото обвинителство дало насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес  отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како  и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата.

Претпладнево  на веб страната на Повардарска Епархија -МПЦ-ОА  беше  објавено  „ Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа„. Митрополит на Епархијата е  Владиката Агатангел. 

Подоцна министерот за здравство Венко Филипче побара од  Владиката Агатангел да го повлече повикот до верниците.

фото: Повардарска епархија на МПЦ -ОА 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »