речник контакт

ОК Борец против ОК Работнички во полуфиналето Купот

Ќе се игра на 27 март во салата Јане Сандански а следниот ден е финалето

Петар Печков

Ждрепката одлучи во полуфиналето на одбојкарскиот Куп велешки ОК Борец да игра со ОК Работнички Скопје. Ќе се игра на 27 март, следниот петок во Скопје во салата Јане Сандански. Во првото полуфинале ќе играат ланскиот освојувач ОК Штип УГД и ланскиот првак ОК Струмица. Победниците ќе играат во финалето закажано за 28 март, сабота од 19,30ч.  

Велешки ОК Борец беше учесник и минатата година во полуфиналето а во 2024 година беше и финалист. И двата натпревари ги загуби од ОК Струмица.  Велешани се освојувачи на Купот далечната 1995 година кога ОК Борец Универзал промет победи на турнирот организиран во Велес, во салата 25 мај.

Натпреварите ќе ги пренесува МРТВ на спортскиот канал.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »