Петар Печков
Објавено: четврток, 19 септември 2024
Одбојкарскиот клуб Борец со пет засилувања во претстојното првенство од Првата лига. Од клубот информираа дека во ОК Борец се вратиле поранешните првотимци Сашо Иваковиќ, Дејан Димовски, Жарко Колев сите тројца се велешани кои изминатата сезона настапуваа за ОК Лирија од каде дошол и прилепчанецот Методија Басароски.
Новак во клубот е и Србинот Немања Пантиќ од Краљево. Со оглед дека преодниот рок за странци важи до почетокот на превенството, од клубот најавуваат дека ќе се потрудат да ангажираат и уште еден одбојкар од странство.
Одбојкарите се веќе во тренажен процес, се работи во салата Гемиџии, каде же се играат и првенствентеи натпреври а од следната седмица ќе започнат и со контролни.
Првенството на Првата одбојкарска лига започнува во средината на месец октомвpи.
Tweet |