Петар Печков
Објавено: недела, 23 април 2023
Велешани дадоа максимум на вториот натпревар, но повторно се поразени од ОК Струмица во разигрувате за титулата првак на Македонија. Загубија со 1:3 (19:25, 25:21, 20:25, 25:27)
По првиот разочарувачки сет кога од 25 поени з гостите, велешани сами и подарија 14 со грешки во сервиси смечеви во аут, ГОК Борец се враќа освојувајќи го вториот сет и израмнувајќи на 1:2. Во третиот имаа предност од 13:10 но серија грешки и струмичани имаа серија од 2:9 и поведоа со 15:19 предност која ја сочуваа до крајот и поведоа со 2:1.
Во четвртиот сет предност и на едната и на другата екипа, за во финишот велешани да имаат 23:20 а струмичани израмнија а домаќините имаа сет топка на 25:24 но со три поени по ред гостите го освоија и победија. Со ова поведоа со 2:0 и се на чекор од освојување на титулата оти им треба уште една победа.
Следниот натпревар се игра во среда во Струмица со почеток од 19ч. во салата Парк, со директен пренос на МРТ 3.
Tweet |