Петар Печков
Објавено: среда, 26 април 2023
Екипата нa ОК Струмиvа е ново стар државен првак во одбојка, мажи, десета титула по ред. Тие вечерва во финалето со максимални 3:0 го совладаа велешки ГОК Борец. Ова беше трета победа во серијата подобар од пет, со која струмичани се радуваа на титулата првак.
Во годинашното финале, најуспешната екипа во последната деценија го совлада ГОК Борец со 3-0 во победи во финалната серија и со 3:0 во сетови, вечерва во салата "Парк" во Струмица.
Првиот и третиот беа со доминација на струмичани со 25:18 и 25:19, а во вториот ГОК Борец имаше две сет-топки на 24:22, но домачиниет со серија од четири поени по ред го освоија сетот. Од шест одиграни натпреври сезонава 2022/23 велешани освоија само два сета против ОК Струмица.
Оваа сезона за велешките одбојкари е исклучително успешна, беа учесници во две финалиња, претходно и во Купот. И таму играа со ОК Струмица каде беа поразени со 3:0.
Идентичен беше скорот на ОК Борец, тогаш со додавка Брако во 2011 кога исто така играше во две финалиња,за шампион и Куп но и двете ги загуби, тогаш од ОК Шкендија.
Tweet |