речник контакт

ОК Штип УГД нов шампион откако трет пат во финалето го порази ГОК Борец

Пингпонгарите на ППК Борец ТИП со победа и пораз во Првата лига

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Штип УГД се нови прваци, откако и во третиот натпревар го совладаа велешки ОК Борец со максимални 3:0.  Штипјани беа за класа подобар противник и не  дадоа шанса на велешани да размислуваат дека можат да направат изненадување. Во три натпревари  ОК Борец не освои ниту сет и го забележаа седмиот пораз ова првенство од далеку подобриот противник, ОК Штип УГД кој заслужено се радуваше на титулата. Велешани и на овој натпревар имаа проблем со сервисот, со смечевите на странците Бразилците, кои покажаа сила само против далеку послабите екипи, но не и во финалето, велешани немаа блок лош прием и се тоа  резултираше со победа на штипјани. Со овој натпревар ОК Борец ја заврши сезоната како второпласиран  и финалисти во Купот. 

Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ одиграа два натпревари од Првата лига, победија и се поразени. Славеа над нсикопласиранито ППК Дебар маало кој е претпоследен со 4:1 и загубија од ППК Берово 1 со 4:2, Беровчани од 13 кола имаа пет победи и беа 7-ми од десет екипи.  Ова е втор пораз за велешани но и натаму се лидери. 
                              ТАБЕЛА 
1. Борец         14   12    2    52:21     26
2. Младост     14   11    3    48:19     25
3. Студент      14   10   4     46:23     24
4. Куманово   14    9    5     42:34     23

Во следните две кола ППК Борец за противници ги има ППК Пелистер(6-ти со 20 бода) и ППК Телеком НЕЦ (8-ми со 18 бода) .

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »