Петар Печков
Објавено: четврток, 25 февруари 2021
Десетина волонтери на ОО Црвен крст Велес неделава делат хуманитарни пакети за семејствата во социјален ризик. Треба да се поделат 100 пакети, по 50 со храна и исто толку со хигиенски средества. Донацијата е од централата на Црвен крст во Скопје.
Продолжуваат активности за ублажување на кризата која ја предизвика пандемијата со корона вирусот. Целта е да се помогне на лицата кои немаат вработување и ниски примања. Освен во Велес, пакети со хуманитарна помош се доделија и во дел од населените места во Општина Чашка. Утре ќе бидат посетени и жители во Општина Градско - кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Tweet |