Петар Печков
Објавено: вторник, 22 октомври 2024
Основното училиште Св. Кири и Методиј од Велес доби фотоволтаици, кои се донација од компанијата ОКТА АД – Скопје. Соларна централа е со инсталирана моќност од 16,1 kW (киловати), поставена на покривот на училиштето. Тоа е првата од трите планирани донации на компанијата, за фотоволтаични централи наменети за образовни институции во Македонија.
Централата може годишно да произведува и до 20 MWh (мегават часови) енергија од сончеви зраци, со што ќе се задоволи најголемиот дел од потребите од електрична енергија на ова училиште, во кое настава посетуваат повеќе од 600 ученици. Истовремено, работата на оваа соларна централа ќе овозможи намалување на емисиите на јаглерод диоксидво атмосферата за повеќе од девет тони годишно.
„Ваквиот вид донаторски проекти за нас во ОКТА се особено значајни, затоа што со нивната реализација се генерираат неколку значајни придобивки за заедницата. Преку производство на обновлива енергија од сонцето, оваа централа значително ќе ја намали потрошувачката и трошоците за електрична енергија на ова училиште, а истовремено ќе придонесе и за почиста животна средина. Ваквите проекти се нашиот конкретен придонес кон креирањето одржлива иднина за задницата и за идните поколенија, што сите нас во ОКТА нѐ прави посебно горди“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА.
Покрај оваа, годинава ОКТА планира да инсталира фотоволтаични централи и на покривот на градинката „Детска радост“ во општина Гевгелија, како и на спортскиот центар „Марко Божиновски“ во општина Аеродром во Скопје. Минатата година ОКТА веќе инсталираше ваков вид централи на три образовни институции во земјата, со вкупна инсталирана моќност од над 57 kW.
ОКТА АД Скопје има инвестицијата во изградбата на сопствена фотоволтаична централа со капацитет од 12 MW, која наскоро се очекува да почне со работа.
ПР текст
Tweet |