Петар Печков
Објавено: вторник, 05 март 2024
Основното училиште „Методи Митевски Брицо“ од Лозово, доби библиотека, нова современа со медиотека. Наместо досегашниот простор, кој не ги задоволуваше потребите на учениците, се оформи нов простор, кој досега бил неискористен, и се користел како магацин. Проектот е реализиран заедно со „Мировниот корпус“.
„Руинирани простории кои не се користеа 2-3 децении, ги пренаменивме во нов современ простор , библиотека со медиотека. Таа нуди доста можности во новото современо време. Тука учениците можат да дојдат да најдат книга, лектира, енциклопедија, која им е потребна да читаат, или друга литература. Имама светска книжевност, англиска, француска, имаме и многу македонски автори. Учениците препознаваат дека просторот е квалитетен, опуштен, добар за работа“ - кажа Горан Велков директор на училиштето.
Новиот простор нуди нови дополнително можности. Библиотеката е покриена со интернет конекција.
„Наставниците овој простор го користат за најразлични активности, со закажување за вон наставни активности, слободни ученички активности, формиравме секција млади библиотекари. Ова е место каде може да дојдат гостуваа наши поети, писатели, на разговор со учениците, да промовираат нивна книга. Може да се проектираат филмови, согласно наставната програма на Министерството за образование, то што учениците го учат“ - дополни Велков.
Библиотеката брои 7 до 8 илјади наслови и оставина од претходната од 2-3илјади, кои уште не се префрлени и околу илјади донации од жители од Лозово.
„Бидејќи во Лозово нема библиотека за сите жители, за сите возрасти, кој жител сака, може да дојде и да подигне книга. Имаме голем фонд книги, кои може да ги задоволат читателските барање за секоја возраст’ - вели Велков.
ОУ „Методи Митевски Брицо“ од Лозово брои 211 ученици и има четири подрачни училишта до 5 одделение во Дорфулија, Милино, Сарамзалино и Каратманово. Сите ученици вклучувајќи ги и тие од подрачните можат да ја користат библиотеката за нивни потреби.
Tweet |