Петар Печков
Објавено: среда, 15 март 2023
Обвинетиот Ангелче Николов ( 28год) призна дека во моментите кога ја сторил сообраќајката, во која почина 11 годишната Магдалена Иванова, возел под дејство на алкохол, двојно побрзо од дозволеното и ја сторил на пешачки премин.
„Жалам за стореното, се извинувам на семејството но и на јавноста за овој настан“ кажа кратко на почетокот од судењето, кое се одржува во Основен суд Велес. Обвинетиот се товари за две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“и за кривично дело – „Не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, кои ги сторил со умисла.
Обвинителката Славица Темелковски со аудио снимка од шкрипење на гумите од автомобил го започна воведниот говор .
„Кога е случена сообраќајната незгода, обвиениот не смеел да го управува автомобилот, поради изречените казни. Тој не смеел да вози“ - кажа Темелковски. Таа одговарајќи на новинарско прашање, отфрли можност дека една од причините за сообраќајката била темнината на улицата, каде такво нешто не констатирале вештите лица. Темелковски во воведниот говор се осврна и на барањето за одговорност на лицата кои биле сопатници во автомобилот.
„Нема никаков доказ дека останатите патници, пријатели на обвиениот, сведоци, критичната вечер, имаат било каква врска со кривично -правниот настан“- додаде Темелковски.
Обвинетиот Николов сообраќајка ја предизвика на 17 декември лани, управувајќи автомобил „Мерцедес“ по улицата „Борис Трајковски“. Неговото признание беше повод за реакција на адвокатот Јанаки Митревски, застапник на оштетените, родителите на починатата Магдалена.
„Изразеното каење е вербално, со ништо не докажа , никаква емоција, боја на глас, дека тоа и го чувства. Прашање е дали обвинетиот се кае вистински или само заради сочувство од затворската казна“ - рече адвокатот Митревски.
Бранителот на обвинетито, адвокат Андреја Весов, кој е по службена должност, како олеснителни околности ги кажа:
„Сам се пријавил во полициска станица, го призна делото во целсот опишано како во обвинителниот акт, има загинато брат во сообраќајна несреќа пред две години и ги знае последиците од ваква трагедија“-а рече Весов.
Тој посочи дека мајката на Магдалена,Емилија, при сообраќајка имала две фрактури, што се тешки телесни повреди, а на телесни како што запишал дежурниот доктор од Велешка болница.
Судијката Габриела Гајдова, која претседава со пет члениот судски совет од Основен суд Велес, најави дека пресудата ќе биде објавена петок во 12ч.
Tweet |