речник контакт

Обвинителството бара 800 евра казна за лицето кое наместо во изолација било надвор од својот дом

Изминатата седмица полицијата изрекла 70 парични казни, за не носење заштитна маска во Велес, 29 во Кавадарци и 36 Неготино

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес  до Основен суд Велес, поднело предлог за издавање казнен налог за велешанецот М.А. (23 год) кој го сторил кривичното дело – „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Ова лице  имало решение да биде во изолација, но кога полициските службеници дошле кај него дома, не го нашле, тој бил излезен надвор од неговиот дом. 

Поради ова Обвинителството побарало  обвинетиот да биде казнет со  800 евра парична казна. Истата оваа парична казна беше изрекувана и за  лицата кои не го почитуваа полицискиот час

СВР Велес за изминатите денови од седмицата, од понеделникот  10-ти август, до четврток 13-ти август казнети биле 70 лица оти не носеле заштитна маска, додека се движеле низ Велес. Или во просек дневно по  17 граѓани.

Според портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, во понеделникот  на 10-ти август  биле казнети 18, еден повеќе -19 вторникот  на 11-ти август, средата на  12-ти август најмногу неделава 22 лица и вчера четврток  на 13-ти август  биле констатирани  11 прекршока. 
 
Полициските службеници  во овој период изреклe и 29 глоби за лица кои не носле заштитна маска во Кавадарци, најмногу во понеделникот 11, по седум вчера и во средата, и четири во вторникот. 

Во истиот период од четири дена во Неготино полицијата казнила  36 лица. Најмногу во средата 13, две помалку -11 во вотникот, осум вчера и само четири во понеделникот. 
Овие граѓани не ја почитувале  Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитни маски.

Казната за непочитувањето е 20 евра во денарска противвредност, или ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »