Петар Печков
Објавено: среда, 25 јануари 2017
Во Велес се намалува бројот на заболени лица од варичела – овчи сипаници и грип.
Според бројката на Центарот за јавно здравје од Велес а по добиените податоци од матичните доктори, во првите три седмици од годинава овчите сипаници биле регистрирани кај 26 пред се деца.
Во истиот период од три седмици грипот го имале 58 пациент. За споредба во втората седмица од годинава имаше 75 заболени од грип.
Ова се бројки на заболени во период кога учениците беа на зимски распуст. Како ќа биде оваа седмица, откако децата гргнаа на училиште е отворено а податоците ќе бидат познати во средината на следната седмица.
Tweet |