речник контакт

Ограничувањето на брзината на движењето на возовите од Скопје до Велес е поради лошата состојба на пругата, прв пат јавно кажа директот Локвенец

Изградба на брза пруга во Македонија е можно само источно од сегашната траса и процента цена на чинење е 4 милијарди евра

Петар Печков

Причината што стапи на сила ограничување на железничкиот превоз , на делницата Скопје - Велес на 20 км/ч е лошата состојба на еден дел од таа пруга, но и безбедноста на патниците кои се превезуваат по неа. Ова го кажа директорот на ЈП МЖ Инфраструктура и  ја расчисти дилемата во јавноста, дури  две седмици  по информацијата, за намалувањето ан брзината.

„После 10 години имавме машинско мерење на квалитетот на железничката пруга  и врз база на добиените информации, инженерите не посоветуваа да дадеме телеграма за намалување на брзината на 20 км/ч.   Тоа е одлука заради безбедноста и сигурноста на патниците во железничкиот сообраќај, на делницата Скопје - Велес. Имаме и железнички прагови кои се постари од половина век и не се променети. Тоа бара целосна рехабилитација на пругата, која бара квалитетни изведувачи, квалитетна техника и квалитетен кадар, но и финансии. Ние извештајот од мерната кола се уште го немаме добиено како официјален  документ и затоа одлуката е заради пресретнување на можен проблем.  Владата подготвува  програма, поголема инвестиција за рехабилитација    на пругата“ - кажа директорот  Хари Локвенец.

Тој зборуваше и за изградба на брза пруга на коридорот 10 Табановце - Гевгелија, за што се залагаат и соседите и ЕУ.  

„Коридорот 10 е по долина на река Вардар. Проблем се кривините, кои ја определуваат брзината на железничкиот сообраќај. На оваа делница поради токму поради тоа не може да се зборува  за брза пруга. За да имаме брз пруга, што се залага  ЕУ, потребно е коридорот да се помести 10 км источно, за да биде трасиран во Овче Поле. и таму ќе имаме брза пруга. Би требало да биде од Миладиновци до Миравци, проценета цена на оваа инвестиција 4 милијарди евра“ - додаде Локвенец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »