Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 април 2019
Со свеченост во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман се одбележа денот на Командата за обука и доктрини, 15-ти април. Овој ден се одбележува 15-ти април 1992 година кога пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија на отслужување на воениот рок во самостојна и независна Република Македонија. Иако првиот регрут стигна на 13 април, два дена порано од поканата и тоа во касарната во Охрид. Тоа беше регрутот, велешанецот Панче Јамандиев.
Обуката во првите години беше фокусирана на војници граничари а подоцна се продолжи со обука на воен персонал. Од 1996-та започнуваат да функционираат центри за обука на родови и служби. Неколку години подоцна е формирана Командата за обука, чие седиште во 2006-та од Скопје се префрла во Велес, каде се наоѓа и денес. Во досегашната работа, низ системот за обука на командата покрај регрутите од 1992-а до 2006-та ,, низ Центарот минаа и 37 генерации на војници кои доброволно го служеа воениот рок. Само минатата година 375 војници го завршија курсот за професионални војници и се дел до активниот состав на Армијата. Како идна членка на НАТО сојузот нашата единица го следи трендот на модернизација и стандардизација на опремата - кажа Командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски.
Покрај овој Центар за обука, единицата располага и со повеќе центри, значајни за процесот на обука на припадниците на Армијата. Центарот за обука на питомци каде се врши основна воена обука на питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата. Тука освен македонските државјани, него неколку години наназад се едуцираат и припадници од армиите на Косово, БиХ и Црна Гора. Центарот за странски јазици врши тестирање во познавање на воената терминологија на англиски јазик. Центарот за дресура и одгледување кучиња прерасна во современ центар, кој освен за потребите на армијата стои на располагање на останатите безбедносни структури и други државни институции.
Во рамките на програмата за одбележување на Денот беа одржани спортски натпревари и крводарителска акција.
Tweet |