Петар Печков
Објавено: среда, 01 април 2026
Велешките акцијаши ветерани го одбележаа 1 април денот на акцијаштвото. Тие денес во паркот на Спомен костурница засадија 64 садници на бор и јасен.
„Садниците го засадивме во чест на 63-те млади згаснати животи во пожарот во Кочани и возачот на брзта помош кој почина ден потоа. Овие млади садници се спомен на исто толку млади животи и тие нека го продолжат споменот на нив“ – кажа Горан Петков, претседател на Здружението „Акцијаши ветерани“ од Велес.
На денешната акција учествувале и учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ и средното „Коле Неделковски“ како и волонтери од ОО на Црвен крст Велес и од Општина Велес.
| Tweet |













