Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 октомври 2021
Основен суд Велес го одбележа 25-ти Октомври - Европски ден на граѓанска правда што секоја година се одбележува во државите на стариот континент. Целта за негово одбележување е правдата да се доближи до граѓаните и тие да се запознаат со нејзиното спроведување. За овој ден учениците од градот добија информации како функционира Основен суд Велес.
„Годинава со оглед на актуелната состојба поврзана со вирусот ковид-19, Основниот суд Велес во соработка со средните и основните училишта во општината организираше визуелна посета на судот преку видео запис, презентација за значењето на овој ден, надлежноста, организацијата и историјатот на Основниот суд Велес, како и со презентација за вовед на правото на правична судска постапка“ - соопштија од Основен суд Велес.
Одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни права во повеќе области како и со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла- пристап до правдата, медијација, извршување на судските одлуки.
Покрај тоа, Основниот суд Велес на својата веб страна ги стави достапни за секој граѓанин истите електронски материјали како би можеле сите заинтересираните граѓани да се доближат до правдата и се запознаат со нивните основни права.
фото ОУ Блаже Конески
Tweet |