речник контакт

Одбиена жалбата на Кепс Монт груп, за недобивање „Б“ еколошка дозвола

Жалбата на Кепс монт груп до второстепената комисија за управни постапки е отфрлена, инвеститорот има право на тужба до Управен суд

Петар Печков

Жалбата на Кепс монт груп до второстепената комисија за управни постапки  е отфрлена, со што српскиот инвеститор не може повеќе да врши никакви зафати на депонијата од згура, лоцирана покрај топилницата во Велес. Тие се жалеа на решението од градоначалникот, Марко Колев, кој не им одобри  нова пет годишна „Б“ интегрирана еко дозвола за да продолжат со работа.

Неговата одлука се засноваше на тоа што со новата дозвола се бараше инсталирање на постројка за дополнителни дејности од дробење и мелење, со што Колев сметаше дека ќе се наруши животната средина и ќе се загадува градот и неговите жители.  

„На ридот со троска  не треба да има дејствија. Одбиена е жалбата  на Кепс моун груп. Ако се врати старата технологија за ископ, сеење, утовар и транспорт,  веднаш ќе ја  добијат  дозволата“- кaжа Колев.

Кепс монт груп има право да го решава овој  управен спор пред Управниот суд. На прашањето до комапниајта дали ќе ја искористат оваа можност, конкретен одговор нема.

„Како општествено одговорна компанија, КЕПС МОНТ ГРОУП секогаш постапува согласно позитивните законски норми и правата и обврските кои истите ги даваат, а воедно ги почитува и применува сите одлуки на државните и општински органи во Република Македонија“- пишува во одговорот на поставеното прашање. 

Градоначалникто Колев најави дека со надлежните од  министерството за екологија ќе разговара, третманот  на згурата  да биде како опасен отпад, а не како техногена минерална суровина, бидејќи така ќе се овозможи нејзин  побезбеден транспорт.

Од октомври 2019 до септември 2023, додека треше првата „Б“ еко дозвола, инвеститорот Кепс Монт груп, извезол  скоро 500 тони  По основ на продадени количини на техногена минерална суровина -троска, според Министерството за економија, концесионерот за 2019 година има платено 1.385  денари, за 2020 година – 5.523 денари, за 2021 година – 1.716 денари за 2022 година – 4.400 денари, за 2023 нема податоци. 

Според испитувањата од Кепс монт груп, депонијата има од 6 до 10 % цинк, олово од 2,2 до 3,4%, железен оксид 25%. Има и  арсен и кадмиум, кои се опасни и токсични елементи, но од компанијата велат  со скромно присуство  околу 0,01 отсто и не биле слободни туку врзани со други елементи, па не претставувале опасност по здравјето на жителите на Велес.

Стручњаците предупредуваа дека со секој ветер, дел од депонијата и тешките метали  се разнесуваат до Велес а нејзината близина до  Вардар ја прави опасна, од можноста да се свлече и ја прегради реката. Депонијата со згура е една од десетте црни еко-точки во Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »