речник контакт

Одбиени проектите на Велес со Грција

ЕУ комисијата не ги прифати двата проекти на Општина Велес за зазеленување и туристичка промоција на градот, кои требаше да се финансираат со европски пари

Петар Печков

За жал двата проекти PROTOPOR и IN3 Green, не се одобрени за финансирање. ЕУ комисијата одлучи да финансира само 18 прекугранични проекти, а велешките  се во групата на неодобрени за финансирање - изјави Александар Бузалков раководител на Вардарскиот плански регион, преку кој се аплицираше за овие проекти. Од Македонија поминале проектите на општина Битола.

Велес со овие два проекти требаше да се разубавува, озеленува и туристички промовира со европски пари а во соработка со соседна Грција. Советот на општина Велес  во есента 2010-тата едногласно прифати да се аплицира при фондовите на  ИПА на ЕУ за два проекти, вредни 110 илјади евра а велешани  за тоа да одвојат 18 илјади евра. 

Со првиот проект се создаваа зелени површини на покривните делови на општинската зграда и објектите  кои се во сопственост на општината, како што се училиштата и детските градинки. Овие зелени површини создаваат микро-околина која ги намалува потребите за потрошувачка на енергија за ладење во летните месеци или греење во текот на зимата . Партнер во овој прект беше трговска асоицијација од Солун.

Со вториот проект, кој се аплицираше рпеку збратимената општина Терамикос,  градот туристички требаше се промовира во Грција и обратно, грците во Велес. Проектот предвидуваше опремување на Туристичко информативно биро во Велес и канцеларија во Термаикос.  Овие проекти не минаа туку беа прифатени тие на општина Битола.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »