речник контакт

Одбојкарите на ГОК Борец со нова победа за висок пласман

Победија и одбојкарките на ОК Виола волеј во Втората лига, пингпонгарите на ППК Борец ТИМ. Втор пораз во второто дерби за КМФ Кеги моби

Петар Печков

Oдбојкарите на ГОК Борец со значајна победа во Василево, против екипата на ОК Сушево со 1:3 (-22; 23; 21; 19).  Ова беше натпревар на две екипи блиску на табелата, но велешани покажаа дека се подобри и славеа за пласман на третото место со 17 бода.  Во следното коло, осмо, во среда во салата Гемиџии, дерби. Гостува лидерот ОК Штип кој нема пораз.

Во дербито на 6-тото коло од Првата футсал лига, КМФ Кеги моби дома загуби со убедливи 1:5 (1:4) од шампионот КМФ Форца. Велешани беа надиграни во директниот натпревар со екипа која како и домаќинот атакува на висок пласман. Така беше и претходното коло кога КМФ Кеги моби загуби во Гевгелија од КМФ Проект со 3:6, екипа која има амбиции за титулата. Тие во заостанат натпревар во дерби на непоразените  го совладаа КМФ Форца со високи 6:1.  Во следното 7- коло ново искушение за КМФ Кеги моби, гостуваат кај КМФ Клими, кој има еден пораз. Четирите екипи  се на врвот и тие ќе решаваат за титулата првак.  

Одбојкарките на помладиот велешки женски клуб ОК Виола волеј во 10-тото коло од Втората лига, победија со 3:1  (14; 17, -23; 18) над екипата на ОК Бами кор од Тетово, кои имаа две победи. По ова коло ОК Виола волеј останува на 9-тата позиција со 10 бода. Вториот велешки клуб натпреварот со ОК Јанта бутел, дерби на колото го одигра претходно и загуби со 1:3 и шести со 15 бода.

Овој викенд требаше да се играат четири кола од Првата пингпонгарска лига, но се одигра делумно две кола и тоа не целосни. Една средба одиграа пингпонгарите на ППК Борец ТИМ и победија со 4:1 над составот на ППК Дебар маало.

Кошаркарите на КК Борец баскет натпреварот од 6 коло ќе го играат утре, вторник на МРТВ 3. Гостуваат во Свети Николе со КК Овче Поле. Тоа е средба на 4-то пласираниот КК Борец и петто пласираниот КК Овче Поле од Првата лига група Исток. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »