Петар Печков
Објавено: четврток, 05 март 2026
Со максимална победа од 3:0 (16, 13, 19) над ОК Сушево, велешки ОК Борец се пласираше на завршницата од Купот. Дополнително ќе биде одреден домаќинот на најдобите четири екипи. Но затоа е познат терминот на одигрување, полуфиналето е на 24 март а финалето два дена подоцна. Домашните без многу мака стигнаа до победата во четвртфиналниот натпревар, за 80 минути игра. Веќе в сабота истите противници играат првенствен натпревар повторно во Велес, во салата Гемиџии, средба од седмото коло во разигрувањето.
Во 11 коло од Првата футсал лига, велешки КМФ Кеги моби одигра нерешено во Крива Паланка со КМФ Осогово 5:5 со што ги намали шансите за борбата за првото место, која ја најавија на почетокот од првенството со бројните засилување. Велешани постојано во водство и со 2:4, за да домаќинот во финишот на половина минута пред крај поведе со 5:4 а футсал екипата на КМФ Кеги моби со звукот на сирената израмни. Со овој бод тие се втори со 25 бода а води КМФ Проект со 33 бода. Во следното коло викендов во Велес гостува штипски КМФ Мал Ајакс кој е претпоследен.
| Tweet |




