Петар Печков
Објавено: недела, 19 април 2026
Co победа одбојкарките на ОК Борец ја завршија натпреварувачка 2025/25 година. Во последното 26 коло од Втората лига со победа од 3:1 велешанки се четврти на табелата. Успех за младата велешка екипа, која по повеќе години се враќа во натпреварувачки систем. Вториот учесник во истото натпреварување, ОК Виола волеј, загуби со максимални 0:3 од лидерот ОК Фламинго волеј новиот прволигаш, како првак на Втора лига. Средбата се играше по договор на двете екипи во Скопје, наместо во Велес. ОК Виола волеј се пласираше на 11 место од 12 екипи. Со ова 26 коло, завршија натпреварите во Втората лига. Годинава во оваа конкуренција имаше две екипи од Велес.
Кошаркарите на КК Борец го играа првиот натпревар за влeз во Супер лигата. Гостуваа во Струмица каде се поразени од домаќинот 77:65 (38:27). Втората од трите средби се игра во Велес во салата Гемиџии, среда од 19ч.
фото ФБ ОК Борец жени
| Tweet |




