речник контакт

Одбојкарките на ОК Виола волеј со победа во Тетово над ОК Бами кор

Победа и пораз во дербито за врвот на пингпонгарите на ППК Борец, кои остануваат лидери

Петар Печков

Oдбојкарките на ОК Виола волеј на гостувањето во Тетово ја совладаа екипата на ОК Бами кор со 1:3 (20, 24, -18, 20) . Тоа беше натпревар од 22 коло, во кое е совладан противник кој е подобро пласиран 9-ти на табеларта. Со овие три бода помладиот велешки тим од 11-то се искачи едно место погоре, на 10-тото.  Во следното коло во Велес, дерби на дното, гостува екипата на ОК Универзитет од Тетово кој е 11-то пласиран. 

Се одиграа две коло од првенството на Првата лига во пингпонг, 11-то и 12-то. Лидерот ППК Борец ТИМ забележа победа и пораз. Во дербито за врвот го доживеа првиот пораз во првенството од второпласираниот ППК Младост  со  2 : 4, средба од  11 коло а во следното 12-то победи на ППК Куманово со 2:4. И натаму велешани се на врвот. 
             
           Табела
1. Борец         12   11    1    46:16     23
2. Младост     12   10    2     41:15     22
3. Студент      12     8   4     38:21     20
4. Куманово    12    8    4     36:27     20
Во следните две кола ППК Борец игра со состави кои се пониско пласирани, со ППК Дебар маало и ППК  Берово 1.

фото ОК Виола волеј 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »