речник контакт

Одбојкарките со Куп натпреварите ја започнуваат сезоната, на 4 февруари

Извршена ждрепката за 1/16 кај жените

Петар Печков

Одбојкарската федерација на Македонија со ждрепка ги одреди паровите за Купот. Во женска конкуренција, двете велешки екипи го добија противниците во 1/16. Постариот клуб ЖОК Борец за противник ја доби струмичка ОК Виктори волеј, која во регуларниот дел од првенството ја победи со 3:1. Натпреварот се игра во Велес, во салата на ОУ Блаже Коневски.  Помладиот второлигаш ОК Виола волеј ќе игра со ОК Јанта волеј БУТ во гости, во Скопје. Натпреварите се играат на 4 февруари, во еден добиен натпревар. 

Кај мажите, првите четири пласирани екипи во првенството, Штип УГД, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и ГОК Борец обезбедија директен пласман во четвртфиналето. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »