речник контакт

Одбојкарското првенство почнува на 25 октомври, по 13 години во лигата се враќа женската екипа на ОК Борец

Во првото коло мажите дома играат со ОК Лирија, девојките во Втора лига играат со ОК Македонија макс

Петар Печков

Новото одбојкарско превенство во сезоната 2025/26 започнува на 25 октомври. Во Првата машка лига ќе се натпреваруваат 12 екипи, меѓу нив и ОК Борец.  Прволигашите во есенскиот дел ќе одиграат 11 натпревари по еднокружен бод систем. По завршувањето на првиот дел првите шест пласирани екипи играат во плеј-оф пренесувајќи ги бодовите од првиот дел. Се игра двокружно „секој со секого“ и потоа првите четири екипи обезбедуваат пласман во полуфиналето на плеј-офот и ќе разигруваат за битка за шампионската титула. Во првото коло ОК Борец мажи го пречекува тимот на ОК Лирија. Минатата сезона велешани играа во полуфианелто и на разигрувањето за титулата првак и во Куп натпреварите.

По 13 години во лигашка конкуренција се враќа женската екипа на ОК Борец. Тие ќе играат во Втора лига, во конкурнција на 13 екипи.   Пропозициите за Втората лига – жени велат дека екипите играат двокружен бод систем , 26. кола, 24 натпревари- дома – гости, по чие завршување првопласираната екипа обезбедува директен пласман во Првата лига – жени во сезоната 2026/27. Второпласираниот тим игра бараж натпревар со деветтопласираната екипа од Прва лига – жени за влез во поквалитетното друштво. Во првото коло ОК Борец жени игра со ОК Македонија макс од Струмица. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »