речник контакт

Оддадена почит за годишнината од смртта на Прличко

Прличко оставил голема трага и силно дело и за театарот но и културата како за Македонија, така и надвор од неа

Петар Печков

Велешките актери му оддадоа почит на Петре  Прличко (3 март  1907  Велес  – 16 ноември 1995 Скопје) , на годишнината од смртта. Пред бистата на актерот, поставена во Младинскиот парк и донација од скулпторот Томе Серафимовски, беше положено свежо цвеќе. 

Тоа го сторија двајца пензионирани  актери Александар Ѓорѓиев и Кирил Гравчев и двајцата добитници на наградата за животно дело Петре Прличко, како и Слободанка Чичевска, актерка од велешки театар.

„Полагаме цвеќе на Прличко, великан на глумиштето и основач на театарската уметност во Македонија.   Тој оставил голема трага и силно дело и за театарот но и културата како за Македонија, така и надвор од неа“ - рече Чичевска. 

На прашањето  од ТрМр дали  градот и државата му оддадоа доволно почит на Прличко, Чичевска  вели има простор.

„Можно е во негова чест да се организираат театарски игри- фестивал,тоа ми доаѓа на ум во моментов. Има простор за  негово чествување, не само еден букет свежо цвеќе на овој ден“ - одговори Чичевска.

Во чест на Прличко  се доделува награда  на актер за животно дело.  Годинава беше распишан конкурс, но одлука кој е добитникот се уште нема.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »