Петар Печков
Објавено: четврток, 12 февруари 2026
Велешката полиција информираше за три случаи на одземање на возило, бидејќи лицата кои го управуваел немале возачка дозвола, во два возачите и немале полагано а во еден има забрана за управуање.
На 11.02.2026 во 10:55 часот на автопат А1 кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(38 год) од Велес. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А., при што било констатирано дека го управувал со впишана мерка - забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
На 11.02.2026 во 19:00 часот во село Црвени Брегови, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.О.(18 год) од село Црвени Брегови. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.О., при што било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола.
На 11.02.2026 во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 09:47 часот на бул.„Македонија“ во Кавадарци, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 17- годишна малолетничка од Кавадарци, удрило во паркирано возило „фолксвгаен голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на 30-годишната Х.А. од Кавадарци. Полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле увид, при што било констатирано дека малолетничката го управувала возилото пред да се стекне со право на управување на моторни возила.
По насоки на јавен обвинител возилaтa билe привремено одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
| Tweet |




