речник контакт

Одземен автомобил голф, оти бил управуван од лице со забрана за возење

Возачот бил уапсен на автопатот А1 кај село Караслари

Петар Печков

Средата навечер на автопатот кај Караслари, скопјанецот управувал возило со активна забрана за управување. Возилото му било одземено а лицето уапсено. Деталите од полициското соопштение. 

„На 8 април во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.М.(29) од Скопје. При сообраќајна контрола на автопатот Градско-Велес, кај клучка Караслари, било сопрено патничко возило „голф“ со албански национални ознаки, управувано од А.М. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со активна забрана за управување за Б категорија“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес. 

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »