речник контакт

Одредени паровите за Општинскиот фудбалски Куп кои ќе се играат на 7 и 8 март

Во 1/4 на одбојкарскиот Куп ОК Борец -ОК Сушево, во футсал Купот КМФ Бутел - КМФ Кеги моби

Петар Печков

Пролетната сезона на Општинскиот фудбалски сојуз Велес започнува следниот викенд 7-8 март со натпреварите од 1/8 на Купот. Денес беа извлечени паровите.

Играат:
ФК Локомотива (Градско) – ФК Раштани   (пар 1)
ФК Форца нова – ФК Младост   (пар2)
ФК Согле – ФК Горски    (пар3) 
 ФК Врановци слободен

Познати се паровите од полуфиналето:
 Пар 1- Пар 2
 Пар 3- ФК Врановци 

Натпреварите од пролетниот дел на Општинската фудбалска лига продолжуваат на 14-15 март. Есенски првак е екипата на ФК Врановци.  Лигата брои седум екипи и ќе се одиграат исто толку кола. 

Беше извршена и ждрепката за четвртфиналето од одбојкарскиот Куп.  Таа беше полудиригирана, ОК Борец беше носител. За противник ја доби најсилната екипа од вториот шешир, екипата на ОК Сушево од Ново село, се гира еден меч и тоа во Велес. Натпреварот се игра в среда а веќе за неколку дена подоцна истата екипа гостува во седмото коло од разигрувањето. Или за три дена ќе играат два пати. 

Извршена е ждрепката и во 1/4 финале во футсал Купот. КМФ Кеги моби гостува во Скопје на КМФ Бутел. Натпреварот се игра во термин на 10-11 март. Победникот оди во полуфинале.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »