речник контакт

Одредени цените за платениот паркинг во Велес

Во тек се техничките подготовки, договорите со мобилните оператори, поставување наплатни рампи, бележење на паркинзите

Петар Печков

Со мнозинство гласови изгласан е ценовникот за надомест за јавните паркинзи во градот Велес. Од 18 присутни советника, од 23, 16 беа „ЗА“ од владечката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ   а против по еден советник  од СДСМ и Левица. Цената за еден час за прва зона „А“ е 40 ден, за зона „Б“ е 30 ден и зона „Ц“ е 20 денари. Првите десет минути  се толерантен период.  При плаќањето со СМС порака,нејзината цена не влегува во износот за паркирање. 

„Ценовникот е согласно економската моќ на граѓаните на Општина Велес и усогласен со цените на три соседни општини Скопје – Центар, Штип и Кавадарци“ – кажа Златко Стојковски  директор на ЈП Парк спорт и паркнизи (ЈППСП), кое ќе ја врши услугата за наплата и одржување на паркинзите.  
 
„Не можеме да се споредуваме со Општина Центар, цените се превисоки. Треба да бидат пониски посебно во зона „А“ – рече Мирјана Петрушеска Савова од СДСМ. 

Пред шест години кога во Велес се вовдеде платен паркинг цената беше 30 денари за зона „А“, 20 за зона „Б“ и 10 денари за зона „Ц“.  Платениот паркинг  функционираше шест месеци, по што беше ставен во мирување. Образложението  беше дека со оваа обврска ЈППСП бележи загуба. 

За повеќето граѓани на Велес враќањето на платениот парекинг е потреба. Го бараа и стопанствениците. 

„Платениот паркинг е потребен е  заради воведување на ред во сообраќајот во Велес. Бидејќи ова што се случува е безредие“ – кажа градоначалникот Марко Колев при најавата за негово враќање.
 
Наплатата ќе се врши секој работен ден при зимско сметање на времето од 7 до 21ч сабота од 7 до 16ч. Во период на летно сметање на времето е од 7 до 23ч а во сабота од 7 до 16ч.  Во недела и државен празник паркирањето на јавните паркиралишта е бесплатно.  Резидентната дозвола за паркирање е 300 денари месечно или 3000 денари годишно, со тоа што не се гарантира слободно паркинг место за корисникот.  Иста е цената и за паркинг дозвола за вработен во институција, со тоа што и за нив не се гарантира дека имаат обезбедено паркинг место во секое време.  Отстранување на блокатор од тркало на возило е илјада денари. Паркинг дозволата за правни лица е зона „А“ 3.100, зона „Б“ 2.500 и зона „Ц“ 1.800 денари,  годишната дозвола за овие возила е помножено по 10. 

Според изготвениот регистар во Велес во  зона „А“  има 173 паркинг места, во зона Б- 581 и во Зона Ц - 209.  Вкупно во градот се   963 паркинг места. Паркирањето на улиците Благој Ѓорев од кружен тек Авона, до градскиот саат на ул. 8 Септевмри, во трета лента, не се плаќа бидејќи се регионални улици. 

Ценовникот стапува на сила со почетокот на примена на платениот паркинг. За тоа во тек се техничките подготовки, договорите со мобилните оператори, поставување наплатни рампи и наплатни куќарки, бележење на паркинзите.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »