речник контакт

Одронот отстранет, патот се уште забранет за употреба

По извршените проверки, ќе биде познато кога патот ќе биде пуштен за сообраќај

Петар Печков

За помалку од 18 часа ефективна работа исчистен е одронот на карпи и камења, на излезот од Велес.  Екипите на ГП ,,Гранит,, од Скопје кои беа ангажирани од страна на ЈП за државни патишта за бргу време ја отстранија карпетста маса од коловозот.

Се работеше синоќа до 19 часот и утрово од 7  за напладне да биде патот исчистен.  Екипи на Подружница на ЈП „Македонија Пат“ ги расчистуваа и собираа здробените карпи и ги носеа со камиони.  Потоа екипи од ЈКП Дервен го испраа патот, а се работи и на отстранување на остатоците на вертикалната карпа над коловозот - вели соговорникот, вклучен во отстранување на одронот.

ЈП „Македонија пат“ треба да ги санира оштетувањата на асфалтот предизвикани од одронетата карпа.  Регионалниот пат сеуште не е за користење, не се одвива сообраќај по него, се додека стручните лица не дозволат дека е безбеден. 

Одронот на  карпите, од кои најтешката имаше 25 тони,   се случи на 13 март.  Следна фаза од решавањето на овој проблем, според проф.  Милорад Јовановски  кој препорача  што треба се работи, се   трајните мерки.   

Потребно е  третирање на местото со прскав бетон и анкерисување по што зоната целосно ќе се заштити. Тоа е скап проект и за негова реализација потребни се доста финасиски средства - се  препораките на професорот Јовановски од катедрата за геомеханика на Градежен факултет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »