речник контакт

Од Автобуската станица во Велес почнуваат да сообраќаат линиите за Виена и Белград

Започна да возат и автобусите за и од Берово

Петар Печков

Со отворањето на границите од петок, 26-ти јуни, започнаа да сообраќаат и меѓународните автобуски линии.   Од Велес, за почеток  почнуваат да возат две  автобуски врски до Виена и до Белград .

Сабота навечер во 21ч. почнува да вози „Евро-бус“ до Виена - Австрија   а од недела од 19,50 „Галеб“ секој ден за Белград -Србија.  Почнаа да сообраќаа и автобусите за и од Берово со што се покрени сите линии во земјава  - информираа од Автобуската станица Велес. 

Автобусот за Виена сообраќа само во сабота, тргнува во 21ч. а таму е во 12ч. недела, додека кон Велес поаѓа во четврток во 18ч. а тука е во 9 ч. петок. 

Автобусот до Белград тргнува од автобуската во Велес во 19,50  ч. таму cтигнува околу 5ч. Hазад до Белград за Велес тргнува во 21,30ч а стигнува околу 6 ч.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »