Петар Печков
Објавено: среда, 01 јули 2026
Од вечерва среда во Киноверзум премеирно се прикажува анимираниот „Мињони и чудовишта“. Ова е бурна, смешна и сосема вистинска приказна за тоа како Мињоните го освоија Холивуд, станаа филмски ѕвезди, изгубија сè, ослободија чудовишта на светот, а потоа се здружија за да се обидат да ја спасат планетата од хаосот кој го создадоа.Се прикажува во терминот од 18ч. се до следната среда.
Се прикажува и блокбастерот „Супердевојка“. Филмот ја претставува Мили Алкок во моќната двојна улога на Кара Зор-Ел / Супердевојка – хероина чија приказна ќе ја промени рамнотежата на моќ во вселената. Кога безмилосниот непријател ќе удри блиску до дома, Кара е присилена да тргне во епско меѓу ѕвездено патување за одмазда и правда. Во сојузништво со неочекуваниот партнер, таа се соочува со закани што ќе ја стават на тест нејзината моќ – и нејзиното срце. Се прикажува секоја вечер до среда од 20ч.
Хоророт „Опсесија“ кој има голема гледаност во светот веќе четири седмици, втора недела е пред велешани во Киноверзум. Млад човек, безнадежен романтичар ја ослободува моќта на мистериозен предмет во желбата да освои љубов, да го освои срцето на девојката во која е заљубен но наскоро открива дека секоја желба носи мрачна и злокобна цена, откако ја ослободува моќта на еден мистериозен предмет што исполнува желби. Тој добива точно она што го барал и наскоро открива дека некои желби доаѓаат со мрачна и злокобна цена. Се прикажува секоја вечер до среда од 22 ч. мот ја претставува Мили Алкок во моќната двојна улога на Кара Зор-Ел / Супердевојка – хероина чија приказна ќе ја промени рамнотежата на моќ во вселената. Кога безмилосниот непријател ќе удри блиску до дома, Кара е присилена да тргне во епско меѓу ѕвездено патување за одмазда и правда. Во сојузништво со неочекуваниот партнер, таа се соочува со закани што ќе ја стават на тест нејзината моќ – и нејзиното срце. Се прикажува секоја вечер до среда од 20ч.
Најгледаниот филм во светот трета недела е анимираниот „Приказна за играчките 5“. Вуди, Баз, Џеси и остатокот од дружината се соочуваат со нова закана кога се запознаваат со електрониката – нова закана која ги менува правилата на игра. Приказна за играчките 5“, од студијата Пиксар и Дизни, носи нова, разиграна авантура во која омилените играчки се соочуваат со предизвиците на модерниот свет. Нова закана за детската игра – паметната играчка Лилипад е таблет во форма на жаба, којшто ги менува правилата на игра и нивната мисија ја прави потешка од кога било. Се прикажува секое попладне до вторник од 18ч.
| Tweet |




