речник контакт

Од денес, среда, започна вакцинацијата со „Синовак“’

До петок се вакцинира до 18,30 а во сабота претпладне. Оваа вакцина кај нас ќе се користи за лица над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак“ се препорачува и за доилки и трудници“. Се пуштаат и втора доза од „Фазјер“ и „АстраЗенека’.

Петар Печков

Од денес, среда започна вакцинацијата против ковид-19 со кинески „Синовак“. Нејзе ја примат лицата и од вакциналниот пункт во Велес, како прва доза.  

„Денес добивме нова доза на количини од вакцините за заштита од ковид-19, тоа се „Синовак“.  До петок ќе работиме до 18,3-0 ч. а сабота ќе се прима претпладне прва доза. Овие три дена вакцинираме и втора доза со „Фајзер“ лица кои претходно биле вакцинирани“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакцинален пункт во спортската сала на средното училиште „Коле Неделковски.  

Истовремено до 13 јули во Здравен дом, во Уред  се вакцинираат лица  над 70 годишна возраст,со втора доза „АстраЗенека“.  

Од Министерството за здравство, објавија дека започнува вакцинирањето со „Синовак“ откако во неделата добивме 500 илјади вакцини.

„Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини, велат од министерството. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3 годишна возраст. Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак“ се препорачува и за доилки и трудници“ - велат од министерството за здравство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »