Петар Печков
Објавено: четврток, 13 ноември 2014
Децата од Градинката Димче Мирчев, денес испорачаа дел од навината облека и играчки. Тие се наменети за децата од социјално ранливите категории, за деца од претшколска возраст.
Ова е дел до проектот ,,Дете за дете,, на Министерството за труд и социјална политика. Неколку изминати дена, во сите клонови на градинките, децата собираа , работи кои не ги носат или не ги играат. Истите им беа врачени на болни деца, деца од загрижувачки семејства, корисници на детски додаток, нега, родителски додаток, корисник на социјална парична помош.
На овој начин на најмладите им се укажува дека има нивни врсници на кои им треба помош и дека треба да се помогне, кога е потребно, да се покажа хуманоста на дело. Дел од оваа помош завршила и кај децата на семејството Давчевски, чија куќа неодамна изгоре до темел.
Tweet |