Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2019
Велешатка полиција примила реакција од граѓанин, дека во неговиот дом е извршена тешка кражба, насилно влегување во домот, при што се украдени предмети со значителна материјална вредност.
На 09.05.2019 година извршена е Тешка кражба во стан сопственост на Б.П.В.(20), при што, се одземени три пиштоли, златен накит и два часовника. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот - информираа до велешката полиција.
Tweet |