Петар Печков
Објавено: четврток, 15 јули 2021
На единствената високо образовна институција, која работи во Велес, техничко- технолошкиот факултет, од есен во новата академска година има можност да се запишат 50 бруцоши.
Ова е согласно конкурсот за упис на студенти во прва година,за академската 2021/22 година, го објави Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи овој факултет.
Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.
Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти. И мината година, како и пред таа, имаше ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Техничко -технолошкиот факултет во Велес. Наставата трае осум семестари.
Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока: 30-ти, 31-ви август и 1-ви септември; 15-ти и 16-ти септември и на 27-ми септември.
Tweet |