Петар Печков
Објавено: четврток, 08 април 2010
Средношколец лажно се јавил дека негов соученик се обидува да се самоубие, поради што доби прекршочна пријава.
Пријавениот на ден 24.03.2010 година околу 10,00час. во дворот на ССОУ Димитрие Чуповски во Велес, го искористил мобилниот телефон на негов соученик, односно се јавил на телефонскиот број 195 - Центар за управување со кризи и пријавил дека во училиштето некој ученик држел нож и сакал да се самоубие, при тоа лажно претставувајќи се дека е професорот по музичко.
По пријавата од ученикот, дежурниот во Центарот за управување со кризи веднаш пријавил и ја алармирал полицијата и итната медицинска помош.
Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес веднаш е излезено на лице место, излезена е и екипа на итната медицинска помош од Велес, обавени се разговори со надлежните во училиштето при што констатирано е дека се работи за лажно пријавување.
Од страна на Секторот за внатрешни работи Велес извршени се дополнителни проверки при што утврден е бројот од кој бил упатен телефонскиот повик и сопственикот.
Tweet |