речник контакт

Од нашето народно творештво - Гатанки од Велес

Од собирачката активност на Димитар Матов. Гатанките од Велес се запишани од Г. Бојаџиев, пред стотина години Два орла се боијеа, бели пени пуштаа??

Петар Печков

Дрпава Еѓупка пред цара стои. – Мазник

На грамада седеше живо месо тегнеше. -Дете со цицка.

Ни у живите жиф, ни у умрените умрен.- Болен човек или што страда од немање.

Копам дупка до колена. – Чизми.

Кусо прасе по рит пасе. – Брич.

Сив гулап по рит пасит. – Брич.

Вујче вујна гудичкаше, вујна му се кркотеше. – Карта кога пие некој вино.

Црно малечко – цара покрева. –Б’а.

Прет куќи грат врне, зат куќи снек врне. – Вител и бубаќ со семките.

Два орла се боијеа, бели пени пуштаа. – Камење воденичарски и брашно.

Д’лк Тодор бес коски. – Дим.

Црвен пес пешчера лежи. – Јазик.

Четири сестри се бркаа и не можеа да се стасаат. Елемија
Елемија, чекрк и цевки.

Свалкан татко дудулеста мајка, шупливи деца. – Елемија, чекрк и цефки.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »