речник контакт

Од полицискиот билтен, уапсен крадец со украдените предмети, женска тепачка пред КАМ

По документирање на настанот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави

Петар Печков

СВР Велес информираше за два настани, меѓусебно кои не се  поврзани.

„На 15.02.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба во домот на Ќ.В.(71) од Велес, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Е.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес, .

„На 15.02.2024 во СВР Велес било пријавено дека на улица „8 Септември“ во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ј.(39) и Џ.К.(35), двете од Велес“ - додаде Ѓаковска. Двете жени биле со видливи повреди на лицето  по тепачката.

По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »