речник контакт

Од полицискиот билтен продолжениот викенд

Откриени крадци од куќа во Отовица, откриени 27 мигранти во Велес, во Нежилово маж нападнал жена

Петар Печков

На 24. април  во 14 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.М.(19) од Скопје и Е.Ј.(26) од Велес. Тие се сомничат дека периодот од 15 часот на ден 22.04.2022 до 11 часот на 24.04.2022 од имот во Отовица, велешко, сопственост на К.Б.(77) од Скопје, одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24 април на железничката пруга во месноста Дворови,  во текот на раните утрински часови полициски службеници од СВР Велес откриле 27 лица илегални мигранти–24 од Авганистан, двајца од Мали и едно лице од Сирија. По завршување на процедуралните постапки мигрантите биле пренесени во  транзитниот центар Гевгелија.

На 23.04.2022 во 23:30 часот од полициски службеници бил лишен од слобода Т.Д.(64) од Велес поради тоа што околу 19:00 часот во село Нежилово по претходна расправија со тврд предмет физички ја нападнал С.А.(47) од Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »