речник контакт

Од понеделник во Велес ќе се прикажува „Јас сум од Титов Велес“

Понеделник, 25 февруари, во Велес во 19 часот премиерно ќе биде пр?кажан новиот филм на Теона Митревска „Јас сум од Титов Велес“.

Петар Печков

Понеделник, 25 февруари, во Велес во 19 часот премиерно ќе биде прикажан новиот филм на Теона Митревска „Јас сум од Титов Велес“.
За оваа цел локалните власти на продуцентот му ја отстапија големата сала на Општината каде наредните четири дена ќе се прикажува филмот. Бидејќи во Велес киното не работи две години, а поради желбата на Митевска, нејзиниот филм премиерно да се прикаже во градот каде го снимаше и каде е сместена животната приказна на трите сестри, Советот одлучи да ја издаде салата на Општината за кино-прикажување на филмот.

Велешани ќе можат да го следат со по две проекции на ден, од 26-ти до 29-ти фебруари со почеток во 18 и 20 часот. Цената на билетите 120 денари а ќе може да се набави во ресторан „Снупи“ спроти Младински парк. 

За премиeрата е најавено и присуство на дел од актерите и екипата на „Јас сум од Титов Велес“. Продуцентите минатата година ја добија најголемата општинска награда 9-ти Номеври, за филмот, во кои го прикажуваат животот на сестрите во загадениот индустриски град кој изумира.

Филмот освои награда од жирито со кое претседаваше актерот Џереми Ајронс, на Саревскиот фестивал, беше прикажан во Торонто, на Берлинскиот фестивал, викендов се прикажува на ФЕСТ во Белград.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »