Петар Печков
Објавено: среда, 07 јули 2021
Од понеделник започнува вакцинацијата против корона вирус за децата од 12 до 16 години, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Децата ќе се вакцинираат само вакцината на „Фајзер“,единствена според препораките што може да се користи за вакцинирање деца. Имунизацијата не е задолжителна, туку родителите со своите деца ќе може да се појават на пунктовите доброволно“ - кажа министерот Филипче.
Според министерот, нема да има потреба да се закажува термин за вакцинација, единствено потребно е родителите да се пријават кај медицинските лица на пунктовите, а таму за консултација ќе има и специјалисти, педијатри
Од понеделник започнува и теренската вакцинација, за што од Здравен дом Велес најавија повеќе информации в петок. За теренската имунизација ќе се користи вакцината на „Синовак“ бидејќи таа нема потреба да се раствора.
Tweet |