Петар Печков
Објавено: петок, 09 мај 2014
Велешани од сабота, 9-ти мај повторно со воз ќе можат да патуваат за Солун и Белград. Така по три годишна пауза се враќаат меѓународните возови кои сообраќаат низ железничката станица во Велес.
Возот кон Солун тргнува во 6 часот наутро а пристигнува во Солун во 11,10 часот. Од Солун тргнува попладне во 15.51 а во Велес е во 19.00 додека во Белград пристигнува во 5,33 наутро. Од Белград за Велес овој експресен воз тргнува попладне во 18,45.
Цената на билетот до Солун е 610 а повратна изнесува 1.200 денари. Од 10 мај до 10 јуни, во првиот месец на возење сите патници ќе имаат попуст од 30 отсто на билетите до Солун и назад.
Велес меѓународно е поврзан со две автобуски линии до Белград и Софија. Од Велес до Белград има еден автобус во 19.50, додека до Софија два во 7 и 22
Tweet |